До Уставен суд доставени се две иницијативи за идентична постапка, со што во среда ќе се знае и мислењето на највисокиот суд во државата за уставните измени и промената на името

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 6:32

Уставните амандмани и Преспанскиот договор пред Уставен во среда

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иницијативата за испитување на уставноста за пристапувањето кон измени на Уставот на Република Македонија, на дневен ред на седница на Уставен суд оваа среда.

Доколку Уставниот суд ги прифати двете иницијативи, тоа може да значи и крај на почнатите процеси за измена на Уставот за промена на името на државата и имплементација на спогодбата со Грција

Уставниот суд во среда, врз основа на две поднесени иницијативи, ќе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е шеста точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд на 31-та седница.

Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври 2018 година, по што доколку биде прифатена, сето тоа ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, судот може да ја поништи одлуката или да донесе привремена мерка до одлучување, со што ќе се суспендираат сите поединечни дејства и акти за да се спречат штетните последици по правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата.

Прифаќањето на оваа иницијатива за поништување на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со привремена мерка до одлучување, значи крај на еден ретрограден процес што ја демонтира државноста на Македонија и проектира нова држава „Северна Македонија“, како територија без народ и историја под протекторат на Грција.

Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право. – тврдат од Светскиот македонски конгрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести