Секако Тамара беше критикувана од јавноста, при што беше приморана да ги откаже и своите концерти кои беа закажани во Македонија, поради како што објави на својот Фејсбук профил, тоа што ненамерната грешка која ја направила прераснала во кошмар за неа и нејзиното семејство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2019 14:08

Тамара Тодевска се сели од Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска пејачка Тамара Тодевска, која пред неколку недели беше критикувана од медиумите поради тоа што направи грешка при пеењето на химната, односно не го отпеа делот каде се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандаски, на 4 јули денот на независноста на САД, ќе се сели од Македонија?

Секако Тамара беше критикувана од јавноста, при што беше приморана да ги откаже и своите концерти кои беа закажани во Македонија, поради како што објави на својот Фејсбук профил, тоа што ненамерната грешка која ја направила прераснала во кошмар за неа и нејзиното семејство.

Тамара откри дека по нејзиниот успех на Евровизија, каде го освои седмото место, и се отвориле многу врати во странство…

Но нумерологот Мими во интервју за „Ексклузив“ откри дека Тамара Тодевска во иднина може да очекува во иднина да се пресели од Македонија.

„Според датумот на раѓање Тамара е 3, а според името е 7. Тројката е број кој сака да патува, да се движи, не го држи место, а 7ците се домаќинки. Бројот 7 кореспондира со уметничка душа и покажува дека таа е пречувствителна“.Она што е добро за оваа година, Тамара се наоѓа во бројот 1, а до јуни месеци беше во бројот 9. Бројот 1 е број на селидби. Број на менување на место на живеење. Постои можност за промена на дом, место на живеење, па и за промена на  место на живеење во друга држава. Значи, можно е да се пресели, макар на извесно време.Од јуни оваа година до јуни следната година, Тамара е во бројот 1, што значи нов животен циклус. Таа се наоѓа во период кога ќе прави многу промени“ вели нумерологот Мими за „Ексклузив“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести