Силниот тајфун Трами е 24-тиот кој годинава ја погоди Азија, а се предвидуваат огромни материјални штети како траекторија го води кон главните острови на Јапонија

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 10:00

Тајфунот Трами се насочува кон веќе поплавените области во Јапонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Силниот тајфун Трами денеска се движи кон јужните острови на јапонскиот архипелаг, a во текот на викендот би требало да го продолжи патот кон главните острови на Јапонија.

Меѓутоа, областите кон кои се движи најновиот тајфун веќе беа погодени од обилни врнежи во текот на летото.

Поради налетот на тајфунот, властите предупредија на опасност од силни бранови, поплави и лизгање на земјиштето.

Трами, кој засега бавно се движи, се очекува да забрза во наредните часови, при што ќе донесе ветришта со брзина од околу 200 километри на час.

Годинава ова е 24. тајфун во Азија, а поради истиот некои авиокомпании превентивно ги откажаа летовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести