Добиените резултати биле зачудувачки односно покажуваат дека вирусните честички на Ковид-19 се уништуваат во течноста за плакнење на устата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 9:32

Течноста за плакнење на уста го намалува ризикот од ширење на Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според најновото истражување направено од грпуа експерти по молекуларна медицина и вирусологија во Рурскиот универзитет во Бохум, миењето на устата со течност за уста значително може да го намали ризикот од зараза со новиот коронавирус.

Во истражувањето во кое учествувале и Јена, Дуисбург – Есен, Нирнберг и Бремен, истражувачите проучувале осум видови на средство за плакнење на устата со различен состав. Средставата ги купиле од аптеките од Германија. Вирусни честички биле ставени во секоја од водите, тресејќи ги 30 секунди за да се симулира ефектот на плакнење на устата.

Добиените резултати биле зачудувачки односно покажуваат дека вирусните честички на Ковид-19 се уништуваат во течноста за плакнење на устата.

Имено авторите на студијата потенцираат дека миењето на устата не го убива вирусот, туку само го намалува ризикот од негово ширење, а дојдоа и до сознание дека сите видови на течност за миење на устата го намалуваат присуството на вирусот до степен да не може да се открие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...