–Девојчето се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 септември, 2019 12:20

ТЕШКА НЕСРЕЌА: 19 годишен Тинејџер удри девојче со автомобил во Кавадарци!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера околу 18:30 минути девојче се здобило со повреди откако било удрено од автомобил.

Од МВР соопштуваат дека несреќата се случила на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци кога „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци.

–Девојчето се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, информираат од полицијата.

Инцидентите и несреќите низ Македонија продолжуваат и овој викенд полицијата беше со полни раце работа.

На 01.09.2019 во 03.35 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, пред угостителски објект, С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал.

Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди. Во 04.45 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ и приведени. При приведувањето А.М., која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, пренесе МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...