Тодоров вели дека доколку тој бил на чело на опозицијата, веднаш би повикал на брзи избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 10:31

ТОДОРОВ: Да сум јас на чело на опозицијата, би одел на брзи избори!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Трилинг, поранешниот Министер за здравство Никола Тодоров кој воедно беше и член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека доколку се уште бил во редовите на партијата, би советувал да се оди на брзи избори. Опозицијата треба да бара избори веднаш, за да победи. Избори што поскоро. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, кој и да победи, не може сам да се справи со ковид 19 и економската депресија, порача Тодоров за Трилинг.

Во периодот од 1994 до 1997 година Никола Тодоровв учел на правниот смер во економско-правното училиште „Васил Антевски Дрен” во Скопје.Во 2002 година дипломирал на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Покрај македонскиот одлично зборува и англиски, додека грчкиот го владее на почетно ниво. Никола Тодоров во периодот од 10 јули 2009 до 28 јули 2011 година ја извршувал функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од 28 јули 2011 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство. По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата.

Тодоров вели дека доколку тој бил на чело на опозицијата, веднаш би повикал на брзи избори.

-Не ја застапувам тезата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку ја застапувам мојата теза. Сметам дека треба да има избори што побрзо поради државата, ниту поради СДСМ, ниту поради ВМРО-ДПМНЕ, вели Тодоров.

Никола Тодоров, министер во владите на Груевски самиот си определи период на политичка апстиненција. Тој за целата ситуација во државата вели дека е борба помеѓу политичките партии.

Ние не сме во таков момент во државата за така да се бориме и така да се поделиме меѓу себе. Мораме да ја водиме оваа војна. Битка една добивме, сега треба да ја добиеме и втората. На граѓаните не им е битно дали е крив Венко Филипче или Наќе Чулев. Битно е што има над 100 заболени дневно и што сите се враќаме во една панична ситуација за нашето здравје, вели екс министерот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести