УХМР најави пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 8:52

Топло време со натпросечни температури- еве каква зима не очекува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зимата е на прагот а веќе започнаа и ниските температури. Но иако многумина од нас се исплашија дека можеби нагло ќе дојде до заладување, сепак од УХМР известуваат дека ни претстои топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек.

УХМР најави пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава.

Температурата на воздухот во декември, јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат поизразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

Топла со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек се очекува да биде зимата.

Овој месец температурата се очекува да биде над просечните вредности, а за врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекува температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Просечната температура за зимата во периодот од 1981 до 2010 година се движи од минус 1,5 степен во Маврово до пет степени во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе. Просечната температура за Скопје изнесува два степени, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

УХМР со напомена: Сезонските изгледи не можат да обезбедат детални информации за тоа дали ќе има интензивни краткотрајни временски непогоди, како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...