ТМЗ кој прв ја објави трагичната вест, веднаш потоа извести дека во несреќата загинала и ќерката на Коби Брајант а потоа информацијата ја потврдија и светските медиуми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 22:25

ТРАГЕДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМА- Со Коби Брајант загина и неговата ќерка(13)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меѓу загинатите во хеликоптерската несреќа во која загина познатиот кошаркар Коби Брајан, била и неговата 13- годишна ќерка Џена Марија. Светот е во тага по оваа трагична вест.

Коби Брајант со својата сопруга Ванеса имаше четири ќерки.

Во несреќата која се случи во Калифорнија откако се запали хеликоптерот во кој бил светски познатиот кошаркар Коби Брајант, загинале сите пет лица.

Медиумите од САД сега откриваат повеќе детали и пренесуваат дека во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13 годишната Џиана Мариа. 

Коби Брајант со својата сопруга Ванеса имаше четири ќерки.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант (41) загина во несреќа со хеликоптер!

Несреќата се случила во Калабасас, Калифорнија, во неделата наутро по локално време во услови на магла. Хеликоптерот се запалил, потоа се урнал.

Во несреќата загинале сите патници. Според првичните информации, сопругата на Коби, Ванеса не била во хеликоптерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...