Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во тек е операцијата за пребарување на патниците, но нема детални информации дали има преживеани и за можните причини за авионската несреќа.

Објавил: Перо Милчин | 10 март, 2019 11:38

ТРАГЕДИЈА : Се сруши авион со 157 патници, Етиописки боинг се урна над Адис Абеба

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Авион на „Etiopijan erlajns„ се сруши со 157 патници и членови на екипажот, само 6 минути од кога полетал.

Авион на Етиописката национална компанија „Боинг 737„ се сруши над Адис Абеба, на патот за Најроба,Кенија.

Во авионот според неофицијални сознанија имало 149 патници, додека 8 луѓе биле членови на екипажот.

Од канцеларијата на премиерот на Етиопија соопштено е дека авионот на „Etiopijan erlajns„ се срушил додека летал кон главниот град на Кенија, пренесува „Вашингтон Пост„. Канцеларијата на премиерот, во името на владата и народот на Етиопија, изрази свое најдлабоко сочувство на семејствата, на кои ги изгубија своите најмили во тешката авионска несреќа на редовниот лет утрово за Најроба, Кенија.

Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во тек е операцијата за пребарување на патниците, но нема детални информации дали има преживеани и за можните причини за авионската несреќа.

Етиопијан ерлајнс е авио компанија со седиште во Адис Абеба во Етиопија.

Националната авио компанија сообраќа на редовни меѓународни патнички и карго летови до 50 дестинации во светот, а исто така и редовни домашни летови до 28 дестинации, карго и чартер летови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...