Во телефонскиот разговор, Османи од својот грчки колега, Дендијас, бил запознаен со потрагата на грчките служби, а бил информиран и дека акцијата ќе продолжи и надвор од законскиот рок за спроведување на такви претраги.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2022 7:28

Трае потрагата по 28 годишниот Мартин – Семејството не губи надеж

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рокот за потрага измина, но попладнево министрите за надворешни на Македонија и Грција договорија и утре да продолжи потрагата по Мартин Јовановски, пишува Сител!

Неговиот брат прв побара од македонските власти да помогнат за продолжување на спасувачката акција.

„Веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме до Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата  по Мартин, бидејќи, според грчките закони, потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден“!

Во телефонскиот разговор, Османи од својот грчки колега, Дендијас, бил запознаен со потрагата на грчките служби, а бил информиран и дека акцијата ќе продолжи и надвор од законскиот рок за спроведување на такви претраги.

За време на разговорот, Осамани замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот“, велат од македонското МНР.

Вчера пак, болницата во Солун ја напушти Иван кој 20 часа мина во водите на Егејското море.

Спасувачката акција почна во саботата попладне откако тројцата пријатели на плажата во Посиди влегле во морето, но биле повлечени од силните морски струи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести