Не може претседател на Влада или на држава да прима легална плата од 1.000 или 1.200 евра

Објавил: Перо Милчин | 24 ноември, 2019 16:49

ТРАЈАНОВ: Не може претседател на држава да прима плата од 1.000 евра, а јавен обвинител 5.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не може претседател на Влада или на држава да прима легална плата од 1.000 или 1.200 евра, а специјален јавен обвинител, обичен обвинител или помошник на специјалниот јавен обвинител да прима 5.000 или 6.000 евра плата, истакна денеска претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Бонусите треба да бидат предмет на обвинителска истрага ако се постапувало надвор од уставот и од постојните закони. 

– Тоа граѓаните не го поддржуваат, затоа што и тие пари се малку, ако им дадеме повеќе тие ќе бараат да имаат јахти, да купат приватни авиони… Значи треба да бидат луѓе со висок професионален стручен интегритет за да работат во интерес на државата, на граѓаните.

Не е можно ниту Катица Јанева, ниту кој било од тие јавни обвинители кои работеле со нив, и натаму да продолжат да бидат јавни обвинители, затоа што дебело навлегле во корупција, во криминал, без оглед дали таа ја покривале со некави интерни правилници, одредби од законот. Тоа е неприфатливо и треба да понесат одговорност, рече Трајанов, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат”.

Секој кој е вклучен во овој случај „Рекет” треба да понесе одговорност. Овој случај докрај треба да се расчисти, додаде Трајанов.

– Тогаш јас во Парламентот имав резерва кон ова Специјално јавно обвинителство, дека е надвор од уставниот систем, од јавно обвинителската функција, меѓутоа сите поддржавме со единствена намера да се справи со тешките облици на криминал.

Наместо тоа да го направи ова Обвинителство длабоко навлезе во криминалот, во рекетот и затоа мислам дека треба да се направи стручна анализа, експертиза како функционирало Специјалното јавно обвинителство и како и на кој начин вршело влијание, селектирало случаи или креирале случаи со цел да се рекетираат познати бизнисмени, истакна Трајанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.