Како нова можност за фирмите што беа принудени да ги затворат своите погони се нуди и производство на дезинфекциски тунели,

Објавил: Македонка Димкин | 15 април, 2020 22:38

Тунели за дезинфекција како средство за борба против вирусите во иднина?

Фото/Текст извор: ©Нова Македонија

Опасниот КОВИД19 ектремно многу влијаеше на работата на компаниите, кои поради намалениот обем на работа мора да се преориентираат на нови услуги и производи што ги наметнуваат потребите на пазарот во услови на епидемија.

Така на пример текстилните компании од регионот некои од своите капацитети ги насочија во шиење заштитни маски и друг вид медицински материјал. Други компании од Србија развиваат нови програми за производство на домашни респиратори, за што постои голема побарувачка поради големиот број заразени лица.

Како нова можност за фирмите што беа принудени да ги затворат своите погони се нуди и производство на дезинфекциски тунели, за што постои големо интересирање кај фирмите во Србија и во Босна и Херцеговина.

За заштита и спречување на ефектите од пандемијата со ковид-19, потребно е да се врши дезинфекција на контаминираните површини што се во директен контакт со потенцијално заразено лице. Епидемиолозите откриле дека коронавирусот може да се неутрализира во рок од една минута, доколку површините се дезинфицираат со 62 до 71-процентен алкохол, водород пероксид од 0,5 отсто или со домашен обелувач што содржи 0,1 отсто натриум хипохлорит. Дезинфекцијата на контаминирана површина на отворено, а особено во големите градови, е скапа постапка и бара голем број работници и механизација што би била ангажирана во овој процес.
Компанијата „Кортен арт“ од Србија го разви проектот за производство на дезинфекциски тунел, кој е изработен од некородирачки челик, со лесна конструкција, а е опремен со автоматизирани прскалки, кои дезинфекциското средство го распрскуваат во микрокапки.

Системот има повеќе предности, ја намалува потрошувачката на вода и на дезинфекциското средство, дури за 15 пати помалку во споредба со традиционалните системи за дезинфекција. Атомизираните прскалки обезбедуваат рамномерна распределба на средството за дезинфекција на површината што се третира, а во исто време го минимизираат навлегувањето на влага во облеката и обувките. По поминување низ дезинфекцискиот тунел или кабина, корисникот е сигурен дека потенцијалната контаминација со вирусот е отстранета и дека може безбедно да се продолжи со активностите – вели Бојан Лолиќ, еден од сопствениците на компанијата.
Доколку се влезе во производство, месечно може да се изработуваат по 500 тунели. За овој проект компанијата добила поддршка од Фондот за иновации во Србија. Конструкцијата на тунелот е изработена од „медицински“ челик и со составни делови од домашно производство и компоненти и овозможува лесно достапен и автоматизиран процес на дезинфекција.
– Во изработка на оваа опрема може да се вклучат голем број производители, со минимален надзор во процесот на изработка. Нашиот производствен капацитет е околу 50 дезинфекциски тунели месечно. Но ангажирањето други компании може да е повеќекратно – велат во компанијата „Кортен арт“.

Првиот дезинфекциски тунел се очекува кон крајот на април, за што е потребно време за производство и за обезбедување на соодветната документација за сертификација на производот, за безбедно пуштање на пазарот.

Дезинфекциските тунели може да се користат за прометни локации, каде што има потенцијални преносители на вирусот. Овие тунели се применливи за болници, фирми со голем број вработени, за пазарите, супермаркетите, трговските центри, училиштата, факултетите и други објекти за масовно собирање луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција...

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...