Тој посочува дека Европската Унија направи и голема грешка со тоа што не даде зелено светло за започнување на преговори,  со земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека особено е погрешно што Македонија не доби датум за преговори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 9:26

Туск: „Не“ за Скопје беше голема грешка во историјата на ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во првото интервју за „Гардијан“ по напуштањето на функцијата претседател на Европскиот совет, за „Гардијан“, Доналд Туск истакна дека според него најголема грешка во историјата на ЕУ е Брегзит.

Тој посочува дека Европската Унија направи и голема грешка со тоа што не даде зелено светло за започнување на преговори,  со земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека особено е погрешно што Македонија не доби датум за преговори.

Туск, по заминувањето од челното место во Советот на ЕУ беше избран за нов претседател на Европската народна партија, најбројната политичка групација во Европскиот парламент.

Туск упати критика кон  одбивањето на Макрон да отвори разговори со Северна Македонија и Албанија.

– Мислам дека е направена голема грешка стратешки и политички … по толку многу напор и пожртвуваност, особено во Скопје, рече Туск, кој по заминувањето од челното место во Советот на ЕУ беше избран за нов претседател на Европската народна партија, најбројната политичка групација во Европскиот парламент.

Во интервјуто Туск посочува дека француското „не“ ги натера водачите во регионот да очајуваат. Тој го спомена премиерот Зоран Заев како еден од оние лидери кои се спротивставил на националистите за да стави крај на долгиот спор за името со Грција.

Тој посочува дека Ангела Меркел,секогаш гледала на ЕУ како целина.

– Нејзината единствена предност беше тоа што секогаш беше подготвена да размислува за Европа како целина. И таа беше подготвена да жртвува некаков внатрешен или национален интерес за да ја заштити Европа како целина. Од друга страна, ако сакаме да го третираме Макрон како иден лидер на цела Европа, политички, тогаш ни треба еден политичар кој се чувствува одговорен пред ЕУ како целина, а не само за Франција“, истакна Туск во интервјуто за „Гардијан“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести