Милица има 17 години и оди во приватно училиште во Србија.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 19:00

УАПСЕН Е МАЖОТ КОЈ ПОДГОТВУВАШЕ НАПАД ВРЗ ЌЕРКАТА НА ВУЧИЌ – секојдневието и било вистински пекол

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Заврши агонијата во семејството на српскиот претседател Александар Вучиќ, уапсен е мажот кој подготвувал напад врз неговата ќерка Милица Вучиќ.

Милица има 17 години и оди во приватно училиште во Србија.

Вучиќ пријавил дека неговата ќерка ја следело непознато лице

Како што објави српскиот портал Курир, Саша Петерсен, кој подготвувал напад на Милица Вучиќ (17), ќерката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уапсен е денеска.

44-годишниот Саша Петерсен, личност со богато полициско досие, кој од претходно бил познат како дилер, секојдневно ја следел ќерката на српскиот претседател и планирал напад на луѓето задолжени за нејзината безбедност.

-Упорно секојдневно го посетуваше училиштето во кое оди Милица Вучиќ. Го снимаше девојчето, но и членовите на обезбедувањето задолжени за нејзината безбедност“, стои во соопштението на полицијата, а пренесува Курир.

Се пренесува и дека Петересен на безбедносните служби им бил познат и како Саша Предиќ, кој бил пријавен со адреса на друго место, а живеел во Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.