Иранската новинска агенција Мехр известува дека Д’Андреа, попознат како ајатолах Мајк, бил во авион на САД соборен од Талибанците во понеделникот, пренесува британскиот „Дејли Стар“.

Објавил: admin@magazin | 28 јануари, 2020 21:40

Убиен офицер на ЦИА кој го ликвидира Сулејмани – Иран: Бил во авионот кој мистериозно беше срушен во Авганистан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иранските медиуми денеска објавија дека висок американски службеник на ЦИА, Мајкл Д’Андре, за кој се верува дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, наводно починал во Авганистан.

Иранската новинска агенција Мехр известува дека Д’Андреа, попознат како Мајк, бил во авионот на САД, соборен од Талибанците во понеделникот, пренесува британскиот „Дејли Стар“. 

Сепак, никој од американските официјални претставници досега не ги потврдил овие тврдења.
Д’Андреа се приклучи на ЦИА во 1979 година, со прекар „Ајатолах Мајк“ за неговите операции во Иран, Ирак и Авганистан.

За него се смета дека бил задолжен за антитерористички операции, апсења, дури и програми за тортура. Њујорк Тајмс во 2017 година објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го именувала за операции во Иран.

Авганистанската армија не успеа да стигне до урнатините

Во обид да стигнат до местото каде што се урна американски воен авион, авганистанските вооружени сили се судрија со Талибанците денес на нивното регионално упориште во центарот на Авганистан.

Американската војска вчера соопшти дека воениот авион Е-11А се срушил во провинцијата Газни, негирајќи дека авионот бил срушен од талибанските сили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.