Пратеникот Илија Димовски со прашања на кои ни Заев немаше одговор, зошто се лаже дека се само 4 уставни измени а не 51 и зошто Дескоска одбива да биде застапник за Владата

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 11:40

Уставот нема да претрпи 4 измени ами 51, зошто се лаже?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски на вчерашната прва седница на Комисијата за уставни прашања побара премиерот да ја корегира информацијата колку уставни измени ќе има.

Имено Димовски порача дека прво не сака да дозволи никој во ова Собрание и во оваа држава да пледира дека е поголем европјанин, или поголем НАТО, ПРОНАТО човек од историското ВМРО.

Обидите на СДСМ и на дел од албанските колеги да го стават ВМРО на другата страна се дневно политички, правејќи го ВМРО баба рога си ги покриваат своите слабости во испорачување на резултати, но штетно е тоа и апелирам да престане таа кампања против ВМРО. Да расчистиме иако може Владата на Република Македонија да достави ваков документ самиот факт дека во денешниот документ ги немаме Нацрт амандманите на Уставот, доволно зборува дека дури и Владата има сомнеж дека не е моментот да се објават Нацрт амандманите во нејзината целосна смисла.

Фактот дека министерот за правда одбива да биде застапник на владата тука, па макар и како потписник на документот, а тоа секогаш до сега се случувало, следствено и на некои изјави кои што ги имаше министерот за правда , исто така долива гориво дека имаме сомнеж каков ќе биде текстот на Нацрт амандманите. Додека не се види текстот на Нацрт амандманите секоја дискусија можеме да е погодување или желба или интенција. Од владата да ги направи поубави, од опозицијата да ги направи понеубави. Многу е неодговорно тоа што владата уште пред референдумот а камо ли сега не го извади финалниот текст на Нацрт амандманите. На пример, владата цело време тврди дека ќе се менуваат само Преамбулата и два или три члена. Тоа не е точно. Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член. Најмалку 51 член на Уставот ќе бидат променети. – изјави Димовски.

Тој кажа дека прашањето дали од уставно правен карактер тоа може со еден амандман или ќе треба 51 амандман ќе се дискутира понатака, потенцирајќи дека е невозможно е со еден амандман.

Но, кажете и на јавноста дека нема да бидат три или четири амандмани туку дека ќе бидат преамбула и 51 амандман, исто така ова доволно е да се развие сомнеж и кај опозицијата и кај граѓаните дека се уште нешто се крие од финалниот пакет на договорени работи. Понатаму, референдумот е апсолутно неуспешен, но колеги дозволете ми.

Кога менувате правен акт, правниот акт не можете да го менувате со процедура предвидена во понизок правен акт, или во превод Устав не можете да менувате во процедура предвидена со Закон за референдум. Устав можете да менувате само во процедура предвидена во Устав, а Уставот на Република Македонија не предвидува консултативен референдум . Уставот на Република Македонија препознава единствено референдум кој што е успешен ако на него излегле најмалку половина од запишаните гласачи и од нив најмалку половина плус еден гласале за.

Така да повикувањето на консултативен референдум е апсолутно невозможно. Не можете да менувате Устав во процедура предвидена со Закон, ниту пак можете да менувате Деловник на Собрание со одлука. Ниту можете да менувате Закон на Република Македонија со уредба на Влада. Не можете повисок акт да менувате со процедура напишана во понизок акт. Затоа одлуката од референдумот од 30-ти септември според Уставот на Република Македонија е задолжителна, а одлуката од референдумот од 30-ти септември ја има соопштено во Службен весник на Република Македонија, Државната Изборна Комисија. – изјави Димовски.

Дескоска одбила да биде претставник за Уставните измени?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести