Сончево и потопло време најавуваат метеоролозите за викендот.

Објавил: admin@magazin | 14 мај, 2019 10:45

УХМР: Во Маврово и Лазаропле во изминатите 24 часа наврна најмногу дожд!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според информацијата од УХМР, во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.

Во западниот дел од Македонија се регистрирани најмногу врнежи од дожд.

Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, Охрид 23 литри, Дебар 19, Тетово, Куманово и Тополчани 12 литри, Прилеп 10, осум Скопје Петровец, седум во Скопје Зајчев рид и Ѓуриште, три во Штип, два во Гевгелија и еден литар во Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Берово и Дојран.

И во текот на денешниот ден метеоролозите најавуваат пообилни врнежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме, со грнежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.
Во главниот град Скопје, ќе биде претежно облачно со обилни врнежи од дожд, а температурата ќе достигне до 19 степени.
Нестабилното време во Македонија ќе се задржи до петок, на места со обилни врнежи од дожд од 50 до 60 литри на метар квадратен. Локалните процеси ќе бидат во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Метеоролозите за викендот најавуваат сончево и потопло време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...