Денес брзо се прошиси веста дека министерот Филипче поднел оставка од морални причини заради епидемијата на морбили

Објавил: Данаил Михајловски | 13 април, 2019 19:23

Филипче: за епидемијата на морбили криви се претходните, а тоа беа Никола Тодоров и Бујар Османи!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ја демантира веста дека му понудил оставка на премиерот Зоран Заев поради последиците со епидемијата од морбили. Извори од министерството претходно за Магазин соопштија дека министерот Филипче чувствува морална одговорност за долгото траење на епидемијата, која за 4 месеци одзеде 30 човечки животи и во моментов има околу 1000 заразени граѓани.

Епидемијата е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната Влада во изминатите години и негрижата за здравјето на граѓаните. Доколку не прогласевме епидемија, сега државата ќе беше парализирана од огромен број на заболени лица.

Во својот демант министерот Венко Филипче како крива и одговорна за долготрајната епидемија на морбили ја наоѓа претходната влада, но со тоа свесно или несвесно индиректно ги обвинува неговите претходници Никола Тодоров и Бујар Османи, за погрешни здравствени политики со кои не воделе грижа за здравјето на граѓаните. Прашање е дали за ваквите обвинувања министерот Филипче ќе побара одговорност на пример од неговиот актуелен колега во владата, вице премиерот Бујар Османи, за неговите погрешни политики како министер за здравство? Или можеби се спрема да поднесе некоја кривична пријава против поранешниот министер Никола Тодоров, во чиј кабинет токму Венко Филипче беше еден од советниците?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...