Мерките да се почитуваат без исклучок - сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните. Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јуни, 2020 10:08

Филипче за политичарите: Од нив се очекува да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес конферрнција упати апел до сите граѓани, но и до политичките партии за целосно и безусловно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Тој потенцираше дека епидемијата е се уште во полн ек, а состојбата во регионот укажува на тоа дека практично во сите земји има пораст на случаите, што води до заклучок дека вирусот е тука и ќе мора да продолжиме да живееме со него. Да се навикнеме на правилата за лична заштита бидејќи по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа, туку и следната година.

Мерките да се почитуваат без исклучок – сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните. Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните.

Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик, а тоа ќе го правиме и понатаму. Кога се појави првиот случај на заразен, во земјава имаше малку болнички места предвидени за ваков тип пациенти што, со целокупната активност која ја спроведовме во изминатиот период, го надополнивме, и опрема има сосем доволно. Здравствените работници се целосно мобилизирани и практично деноноќно и непрекинато работат од првиот ден на кризата. Тие направија и прават се што можат најдобро да го заштитат населението, но не смееме да дозволиме со непочитување на мерките да го деградираме трудот на сите кои деноноќно се во првите борбени линии, потенцираше министерот Филипче и посочи дека е важно сите општествени чинители активно да се вклучат во пренесување на вистинската информација, а додека вирусот е тука меѓу нас, мерките кои се воведени мора да се почитуваат.Со почитување на мерките, маска, дистанца, дезинфекција, се штитиме самите себеси, и сите околу нас. Соработката со сите лекари и епидемиолози, давањето точни информации, контакти, е клучно за да се лоцираат сите коишто се во опасност, во спротивно може да предизвикаат дополнителна опасност за околината за ширење на вирусот.

Министерот Филипче упати апел до политичките партии и сите актери во изборите.

-Мерките да се почитуваат без исклучок – сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните. Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните. Мерките не се тешки, а се исклучително ефикасни и потврдени од многу земји во светот- да се носи заштитна опрема, да се одржува физичката дистанца, да се одржува лична хигиена и да се почитуваат протоколите за работа на економските оператори, рече министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести