Идентификувани се сите сопатници на жената заразена од корона вирус, реле министерот Филипче

Објавил: Владо Марин | 27 февруари, 2020 6:16

Филипче: Идентификувани се сите сопатници на жената заразена од корона вирус, заоблената е во добра состојба

Фото/Текст извор: ©Г. На Америка

Станува збор за девет лица од Скопје и Струмица кои според протоколот ќе бидат во домашна изолација наредните 14 дена. Тимови епидемиолози се упатени кон нивните домови и ќе ја набљудуваат нивната состојба. Тестови во моментот нема да се прават бидејќи моѓат да бидат лажно негативни

СКОПЈЕ – Четири лица од Скопје и пет од Струмица биле во комбето заедно со педесетгодишната жена за која е потврдена дека е заразена од корона-вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тие се веќе контактирани а надлежните испратиле тимови епидемиолози кон нивните домови.

Според процедурата осуммината сопатници и возачот на комбето во кое се превезувала и скопјанката за која е потврдено дека е заразена од корона вирусот ќе бидат во домашна изолација во наредните две недели.

Лицата се идентификувани како и нивните роднини кои ги пречекале. Станува збор за две локации во Скопје и три во Струмица. Тие ќе бидат изолирани. Тимови на епидемиолози заедно со припадници на МВР се испратени во нивните живеалишта да ги анкетираат и да утврдат со кого контактирале во текот на денот и каде се движеле. Тие ќе ја следат нивната состојба а во моментов нема да ги тестираат поради опасност резултатот да биде лажно негативен. Посто можност да бидат префрени во болничка изолација доколку оцениме дека има потреба“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, вчера во Владата.

Околу состојбата на пацинетката заразена со корона вирусот, Филипче соопшти дека нејзината состојба е стабилна, дека таа е свесна а зафатено било само едно белодробно крило и додаде дека има многу големи шанси да се излечи.

Сепак, на новинарско прашање, како таа влегла во државата и ги минала проверките на граничната полиција и царината, министерот соопшти дека очигледно дала лажани податоци.

„Очигледно дека патничката, пациентката не кажала вистински податок, инаку би било интервенирано на самиот грничен премин. Апелирам до граѓаните, мораат да даваат точни одговори на прашањата кои им се поставуваат на граничните премини и заеродромите“, рече Филипче.

Тој повтори дека ситуацијата е под контрола и дека нема простор за паника.

Сакам да упатам уште еден апел до јавноста дека нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип и нема потреба од снабдувања и дополнителни залихи“, изјави Филипче.

Околу заштитата министерот повтори дека е потребно често да се мијат рацете, заштитните маски да не се користат, а доколку граѓаните се посомневаат веднаш да ги контрактираат надлежните и да останат во своите домови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...