Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 март, 2020 13:29

ФИЛИПЧЕ: Починаа уште две лица во Македонија од корона, најмладиот е 31-годишен пациент!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Две лица кои беа заболени од коронавирусот утрово починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Едно лице имало 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. Министерот информираше дека денеска се потврдени уште 16 новозаболени со коронавирус, од кои три лица од Скопје и Куманово се хоспитализирани на Инфективната клиника

Филипче на денешната прес конференција упати порака до граѓаните дека бројот на заболени и починати од корона вирусот ќе расте и затоа мораме да бидеме одговорни и да ги почитуваме мерките.

-Сакам да упатам порака до граѓаните. Пандемијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројката постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи.
Влегуваме во вториот месец од борбата, која целосно ни ги промени животите.
Пред нас е најтешкиот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање даде детали за тоа каква била клиничката слика на 31-годишниот пациент кој изутрината починал како последица на вирусот Ковид-19.

-Еден ризик фактор е помпезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден.

Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, појасни Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести