Референдум за смена на името: Канбера, МК амбасада, од 103 пријавени избирачи, гласале само 9 (девет), од кои еден вработен во амбасадата и неговата сопруга = 8,7%

Објавил: Данаил Михајловски | 29 септември, 2018 14:55

Фијаско во Мелбурн: 2016 излегле 47.6 % – вчера 2018 г. само 7.73 %

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Гласањето за престојниот референдум во Мелбурн, и Камбера  Австралија заврши, правото на глас го искористиле само 7 лица од вкупно пријавени 104 или во проценти гласале 6,74%. Од друга страна пак во Канбера излегле вкупно 9 лица од 103 пријавени меѓу кои еден вработен во амбасадата и неговата сопруга = 8,7%

Македонците од Австралија со ваквата излезеност испраќаат јасен сигнал до власта во Скопје дека не се согласуваат со нивната политика и дека цврсто стојат зад македонските интереси.

Важно е да се напомене дека во далечната Австралија живеат повеќе од 500.000 Македонци, а во самиот регион на Мелбурн живеат нешто повеќе од 100.000 илјади, а со денешната излезеност се потврдува само едно, дека некој не работи согласно македонските и национални интереси.

Инаку, вреди да се спореде и денешната излезеност како и бројот на пријавени лица со право на глас и излезеноста во 2016 година за време на парламентарните избори.

Имено, во 2016 година за време на парламентарните избори излегле дури 47,26% а за референдумот излегле еден многу мал процент на луѓе, шо по автоматизам го прави проблематичен и самиот референдум.

Инаку, вреди да се напомене дека клучната улога ќе ја имаат граѓаните во Македонија кои што утре треба да се изјаснат дали се за промена на името или не, со што ќе го одредат и правецот во каква Македонија ќе живееме.

За да биде успешен референдумот на гласање утре ќе треба да излезат 50 отсто плус 1 од гласачите на избирачкиот список или 903 000 граѓани, а доколку не биде исполнет цензусот премиерот Заев во неколку наврати истакна дека ќе си поднесе оставка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...