Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци а заклучно со 30.10.2020 г., преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ исплатен е износ од 99.947.500 денари на стипендистите и првенците на генерацијата!

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 ноември, 2020 6:58

Фондацијата „Tрајче Mукаетов“ додели 39 нови стипендии за учебната 2020/21

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

Годинава, доделени се 39 нови стипендии, од кои 19 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која Фондацијата ја доделува единаесет години по ред за првенците на генерациите на двата факултети, годинава им припадна на Тамара Иваноска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,85 – стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“) и Ева Палчевска од Медицинскиот Факултет (со просек 9,91).

 

„Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ и во вакви специфични услови на функционирање на образовниот процес продолжија со поддршката на талентирани студенти по фармација и медицина.

Иако годинава доделувањето на стипендиите се случува во време на пандемија, ние како компанија, одлучни сме да го продолжиме стимулирањето и наградувањето на студентите. Лично се надевам дека бенефициите од Фондацијата за идните фармацевти и доктори по медицина ќе бидат мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ – изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 539 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 39 во учебната 2020/2021. Од нив, 207 студенти по фармација и 195 по медицина се веке дипломирани. Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 87 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 80 студенти од Фармацевтскиот факултет и 7 студенти од Медицинскиот факултет.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци а заклучно со 30.10.2020 г., преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ исплатен е износ од 99.947.500 денари на стипендистите и првенците на генерацијата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...