Ова се најбогатите луѓе во светот!

Објавил: Владо Марин | 9 април, 2020 8:57

„Форбс“ ја објави листата со најбогати луѓе за 2020

Фото/Текст извор: ©Факултети

Во последниве неколку недели 10 милиони Американци останале без работа.
Коронавирусот ја нападна економијата, но еден дел од американскиот живот останал стабилен – неверојатното богатство на извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос.

Безос трета година по ред се наоѓа на врвот на листата со најбогати луѓе во светот што ја објавува „Форбс“. Тој е најбогат и по разводот, кој го чинеше 40 милијарди долари.

Безос има 113 милијарди долари во моментов!

 Новиот легален жител на Флорида и претседател на САД, Доналд Трамп, за еден месец изгубил 1 милијарда долари, според „Форбс“.

На второто место се најде Бил Гејтс, а по него е Бернард Арно. Алис Валтон, наследничка на богатството од „Волмарт“, е најбогата жена и се наоѓа на 9. место на листата, со 54,4 милијарди долари.
На листата има 241 жена, меѓу кои и седум што го споделуваат богатството со сопруг, брат или сестра или дете.

Малку повеќе од половина од милијардерите низ светот изгубиле пари поради ширењето на коронавирусот. Вкупната загуба се проценува на 700 милијарди долари од 2019. Сите милијардери во светот моментално заедно вредат 8 билиони долари.

САД– Новиот легален жител на Флорида и претседател на САД, Доналд Трамп, за еден месец изгубил 1 милијарда долари, според „Форбс“.

Одморалиштата на Трамп во Јужна Флорида, вклучувајќи го и Trump National Doral, главен двигател на приходите за неговата семејна компанија, се затворени од пандемијата.

На листата на „Форбс“ има 2.095 милијардери, односно 58 помалку од минатата година и 226 помалку во споредба со почетокот на март.

Од милијардерите што остануваат, 51% се посиромашни од минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.