На фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи.

Објавил: admin@magazin | 9 август, 2019 12:53

БОКИ 13 СЛИКАН ВО ШУТКА ПО КРАТКИ ПАНТАЛОНИ (фото)

Фото/Текст извор: ©скопје 1

Бојан Јовановски познат како Боки 13 е фотографиран во дворот на затворот „Шутка“, каде е притворен поради случајот „Рекет“ минатиот месец.

На фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи.

Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев.
Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење.

Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести