Премиерот Заев доби честитки за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 12:21

(ФОТО)ЗАЕВ си направи “СЕЛФИ” со патниците во авионот на релација Виена-Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

На вчерашната средба канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Македонија како членка на Европската Унија. Таа го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за нашата земја и рече дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Македонија.

Премиерот Зоран Заев фотографиран со патниците во авионот на релација Виена-Скопје.

Премиерот Заев доби честитки за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал.

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија.

Премиерот Заев после средбата во Австрија, е фотографиран во економската класа како полетува од Виена за Скопје. Како што може да се забележи на фотографијата, тој со патниците направи заедничко „СЕЛФИ„

Премиерот на вчерашната средба рече дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите.
На панелот во Австрија, покрај Премиерот Заев зборуваа и Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и Антонио Тајани, Претседател на Европскиот Парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести