На официјалната Фејсбук страна на Комити Скопје беше објавена моќна порака, за тоа како вистински треба да изгледа парадата на гордоста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 11:35

ФОТО: „Парада на Гордоста” од нашата младост вака се организира

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред два дена беше соопштено дена првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, на контото на организаторите пристигнаа низа негативни коментари.

На официјалната Фејсбук страна на Комити Скопје беше објавена моќна порака, за тоа како вистински треба да изгледа парадата на гордоста.

‘Парада на Гордоста’ од нашата младост…
Да не дозволиме тој невин слоган биде злоупотребен и искористен како параван за спроведување на една глобална црна агенда за депопулација на населението и бришење на идентитетот на еден мал но горд народ, кој се бори да го сочува тоа што е и треба да биде, сега, секогаш и во вечни векови!
Децата треба да растат со мајка и татко, а сите оние кои имаат поинакви афинитети, склоности или амбиции се слободни во својот избор и никој не ги дискриминира. Никој не ги спречува да продолжат да го прават тоа што ги усреќува и исполнува, но ги замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност, затоа што тоа не е ништо помалку од агресија, грубо насилство и погрешна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност.
Ве молиме да не ни ја вреѓате интелигенцијата и да не навлегувате во нашата интимност!
Ви благодариме однапред.
#МажЖенаДетеВардар #ЖенаМажДетеВардар #ДетеМажЖенаВардар #ДетеЖенаМажВардар #СитеМожниКомбинации

Инаку организаторите сметаат дека парадата закажана за 29 јуни ќе помине достоинствено и безбедно и дека државата е подготвена и зрела за организарање на ваква парада на која ќе се чуе гласот на различните, која во светски рамки има традиција повеќе од 50 години.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.