Пред Собранието на Република Македонија во тек се протестите на спонтано насобраниот народ

Објавил: Македонка Димкин | 13 јуни, 2018 21:35

(ФОТО) Пристигнаа Комитите оние исти комити кои се секогаш тука за Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

«Самиот Заев во едно интервју рече, не верувам дека има човек што ќе побара менување на уставот на Република Македонија, додека го дишам овој македонски воздух тоа нема да го дозволам, бидете спокојни».

Комитите најмоќната навивачка група се приклучија на протестот

Нажалост  Зоран Заев заборави што рече и вчера тој си се погази сам себеси. Македонскиот народ е разочаран , а трпението е на самиот крај. Атмосферата пред собрание е тензична, Комитите пеат македонски песни, а народот скандира Македонија, Македонија. Емоциите ги совлада многу луѓе, им се гледа тоа на нивните лица, многу млади луѓе како никогаш досега. Македонија не ја даваме, ние сме Македонија. «За потсетување вчера премиерот на Република Македонија излезе пред македонската јавност со соопштение дека договорил ново име, дека тоа име било гаранција за иднината на Македонија»

Нажалост после сите невистини кои ги изнесе премиерот Зоран Заев, никој повеќе не му верува.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести