Уште откако претседателот најави укинување на карантинските мерки на 11 мај, француската влада работи на изготвување план што ќе ги намали шансите за втор бран епидемии во земјата.

Објавил: Перо Милчин | 23 април, 2020 21:13

Франција најави отворање на продавниците на 11 мај: Еве кога кафиќите ќе почнат да работат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Француската влада најави отворање на продавници по укинувањето на карантинските мерки на 11 мај, додека рестораните и кафулињата нема да започнат со работа до средината на јуни, објави Ројтерс.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер изјави дека откако ќе се укинат карантинските мерки, продавниците веднаш ќе започнат со работа, но дека рестораните, баровите, кафулињата, спортски сали и црквите ќе останат затворени барем до средината на јуни.

Ќе бидат воведени протоколи за заштита на работниците и клиентите и останува да се види дали оворањето на објекти ќе бидат можни веднаш низ целата земја или постепено ќе се отвараат по региони.

Уште откако претседателот најави укинување на карантинските мерки на 11 мај, француската влада работи на изготвување план што ќе ги намали шансите за втор бран епидемии во земјата.

Движењето на постарата популација подложна на развој на посериозни инфекции веројатно ќе биде ограничено.

Планот е да се зголеми опсегот на тестирање, како и да се обезбедат доволно маски се додека не бидат укинати мерките за карантин, но сè уште не се знае дали носењето на нив во јавност ќе биде задолжително или не.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.