Европскиот парламент попладнево со 412 гласови „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“ ја усвои Резолуцијата во која се бара ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а минатонеделната одлука на европските лидери да го одложат тоа се оценува како стратегиска грешка.

Објавил: Весна Петровска | 24 октомври, 2019 18:45

Франција пред време го инфомирала Заев дека нема да има датум – премиерот СВЕСНО го лажеше МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште еден пропуст од страна на македонскиот премиер кога станува збор за надежта за добивање на датум за преговори со Европската унија.

Во своето денешно обраќање пред медиумите францускиот амбасадор во Скопје откри дека пред самитот на ЕУ Франција ги информирала и Грција и Македонија дека Преспанскиот договор без соодветни реформи не е доволен за датум.

Според амбасадорот Тимоние ваквата француска перспектива била “загубена по пат” а наративот за датум како награда за реформи мистериозно бил променет во текот на летото.

Премиерот Заев иако точно ја знаел француската позиција до последен момент тврдеше дека Македонија ќе добие датум на самитот на ЕУ.

 

ЕП денеска се крена на нозе и порача дека Македонија и Албанија мора да добијат датум за преговори.

Европскиот парламент попладнево со 412 гласови „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“ ја усвои Резолуцијата во која се бара ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а минатонеделната одлука на европските лидери да го одложат тоа се оценува како стратегиска грешка.

ЕП во Резолуцијата изразува длабоко разочарување поради неможноста Советот на ЕУ на состанокот одржан на 17 и 18 октомври да постигне согласност за одредување датум за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Се изразува жалење што Франција, Данска и Холандија ја блокирале одлуката за отворање преговори. Европратениците ги нагласуваат значителните напори што ги направија двете земји во изминатите години и исполнувањето на критериумите што беа барани од нив за старт на преговорите.

На Северна Македонија и се изразува признание за решавањето на, како што се наведува, тешките билатерални прашања со соседите, а на Албанија за спроведените судски реформи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести