Имено вчера на ваквата одлука на Апелација реагираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 ноември, 2019 11:15

Фрчковска: Рускоска со заканите врши притисок врз судот и неговите одлуки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото 24 вести

Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева во изјава за

„360 степени истакна дека одлуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана.

-Мораме да кажеме дека сме зачудени, обвинителството е странка во постапката и секоја ваква реакција се смета за притисок врз судот и неговите одлуки. Ова е непримерно и го поткопува принципот на владеење на правото. Од друга страна, не зачудува ваквата реакција на одлуката за Јанева, ако се знае дека истото тоа обвинителство даде согласност за определување на мерка куќен притвор за Зоран Милевски пред речиси два месеца, од нејасни и непознати причини, вели Фрчкоска за реакцијата на обвинителката Вилма Рускоска.

Одлуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана, вели Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.

Имено вчера на ваквата одлука на Апелација реагираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Русковска во изјава за „А1он“ истакна дека нивниот став бил негативен во врска со излегувањето на Јанева од притворот во Шутка.

Со вакви судии нема место во ЕУ, порачува Русковска, која и го води предметот, и притоа за „А1он“ најавува и финансиска истpaга за судиите од Апелациониот суд кои одлучија притворот на Јанева да биде заменет со домашен притвор.

Рускоска која всушност го води случајот вчера најави покренување на финансиска истрага против судиите кои донеле ваква одлука.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вчера Рускоска за МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести