За професорот Фрчкоски е сосема погрешно и толкувањето на БЕСА, како што им се погрешни и амандманите.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 20:19

Фрчковски: “Барањата на БЕСА се скандал и безобразлук”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Негирањето на терминот „македонски“, според професорот Фрчковски не е ни малку наивна работа.

Професорот Фрчкоски изјави дека амандманите на БЕСА се скандалозни и многу безобразни. Тој изјави дека, расправата за амандманите од легалистички аспект не е толку многу спорна. Расправа е можна до последниот момент исто така и до пред гласањето како и преформулација на амандманите, доколку предлагачот прифати добри сугестии.

Љубомир Данаилов Фрчкоски е македонски политичар и професор по меѓународно право, меѓународни односи и Современи политички теории на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, Република Македонија.Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.

„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа е скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор, вели Фрчковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести