Фотографирањето со Хан, беше кобно за политичките кариери на Александрова, Богојоски а особено Тодоров, кој јавно изјави дека го поништил гласачкто ливче од референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 11:33

Хан на грешка откри кој гласал “за” на референдумот за името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, преку еден од своите твитови, на грешка откри нови детали за македонската јавност.

Имено и Хан како дел од ЕПП, учествува на конгресот во Хелсинки, каде оствари попатна средба низ ходниците на конгресниот центар со студентската – гостинска група на поранешни пратеници и висои функционери од ВМРО – ДПМНЕ.

Твитот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој ги изненади оние кои сакаа да изненадат. На јавноста е да суди.

ЕПП и официјално потврди дека официјалата делегација со четири делегати ја предводи претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додека останатите гости кои не се делегати, се над 3.000 и во голем број се студенти.

Откако Мијалков и Тодоров обезбедија гостински – студентски легитимации, се фотографии со сите официјални лица на ЕПП, но фотографирањето со Јоханес Хан, го платија скапо.

Имено, под постот на твитерм Хан напиша:

Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕПП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓанита.

Со ова тој директно потврдува дека Никола Тодоров, кој велеше дека ќе го поништел гласачкото ливче, всушност лажел и гласал “За” на референдумот за промена на името.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести