Хан прес конференцијата ја започна со изјава дека во Скопје е додјен да дискутира за реформите со политичките лидери особено за владеењето на правото и правосудството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јули, 2019 10:36

ХАН: Продолжете да испорачувате реформи, покажете нула толеранција кон корупцијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еврокомесарот Јоханес Хан кој денеска е во посета на Македонија, за да разговараат за реформите кои се однесуваат на евроинтегративните процеси на Македонија, а какви пораки и ветувања ќе и даде овој пат останува да слушнеме на прес конференцијата која е во тек.

Хан се сретна со државниот и политички врв во Македонија.

Хан прес конференцијата ја започна со изјава дека во Скопје е додјен да дискутира за реформите со политичките лидери особено за владеењето на правото и правосудството.

Сите политички сили треба да се фокусираат на стратегиската цел – евроатланските интеграции, порача еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев.

Еврокомесарот истакна дека Македонија мора се фокусира на добивање на датум за преговори во окомври годинава. Хан посочи да се посвети поголемо внимание и да се расчистат корупциските случаи а предложи и да нема амнестија за никого.

– Важно е да продолжите да испорачувате реформи ова го вклучува и усвојувањето на Законот за обвинителство, да се осигураме дека ќе продолжи работата на случите на СЈО, сите партии и државни тела мора да продолжат да работат. Да се покаже нула толеранција кон корупцијата. ЕУ членките го следат овој процсес одблиску, пред сѐ, владеењето на правото – рече Хан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести