Никола Мицевски веднаш по започнувањето на седницата покажа голема фотографија од Боки 13 и пратеникот Кирацовски.

Објавил: Владо Марин | 14 февруари, 2020 13:29

ХАОС ВО СОБРАНИЕ: Пратениците се дерат, пцујат, се покажуваат фотографии од Боки 13 на денешната седница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер, Талат Џафери, даде пауза од еден час.

Никола Мицевски веднаш по започнувањето на седницата покажа голема фотографија од Боки 13 и пратеникот Кирацовски.

Еве ви ја фотографијата, зошто бегате од избори. Јасно ни е се. Измислувате изговори да не одржиме избори на 12 април. И да работите 48 часа, џабе ви е. Ништо не работевте овие три години, рече координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Министерката за правда, Рената Дескоска на повикот на собранискиот спикер, Талат Џафери, не излезе на говорница за да го образложи предлог законот за јавното обвинителство за да се скрати времето за негово донесување.

Седницата за Законот за ЈО почна по половина час задоцнување по средбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со коорддинаторите на пратеничките групи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ја обвини министерката дека бега од дебата.

Веднаш потоа Талат Џафери побара пауза од еден час.

На Фејсбук се огласи министерката која порача дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да опструира.

– Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до 3 часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку 8 часа дебата по нашите говори. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно призна дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност. Значи на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, напиша Дескоска.

Синоќа седницата беше прекината од претседателот на парламентот, поради немање услови да продолжи, бидејќи за збор во расправата се јавиле 38 пратеници.

Но она што го привлече вниманието беше повикот на Џафери, партиските лидери да се изјаснат дали имаат желба изборите да се одржат на 12-ти април.

„Се додека примам пораки дека има можност да се создаде друго мнозинство дека ќе биде поуспешно, јавно ги повикувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство, јавно ќе организирам преку мојата покана во текот на утрешниот ден да има лидерска средба согласно Пржинскиот договор, согласно договорот за предвремените избори од 12-ти април, да потврдиме дека има желба изборите да се одржат на 12-ти април“, рече Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести