Еден 63-годишен маж починал додека синоќа се обидувал да расчисти снежен пат до својот дом во Изер. На него паднало дрво. Драмата се случила во близина на Бургоин-Жалио. Пожарникарите не успеале да го повратат во живот.

Објавил: Весна Петровска | 15 ноември, 2019 12:09

ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Снегот ја блокираше државата -200.000 домови без струја

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Првиот пообилен снег во југоисточниот дел на Франција доведе до прекин во снабдувањето со електричната енергија, ограничувања во сообраќајот и на патиштата во сообраќајот на железницата, а едно лице го загуби животот, јавува дописникот на МИА.

Еден 63-годишен маж починал додека синоќа се обидувал да расчисти снежен пат до својот дом во Изер. На него паднало дрво. Драмата се случила во близина на Бургоин-Жалио. Пожарникарите не успеале да го повратат во живот.

Околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Голем дел од жителите на Дром, Ардеш и Изер ја поминаа вечерта со свеќи и без греење. Овие нарушувања се предизвикани од паѓање дрвја врз далноводите, од тежината на снегот. На пример, на Tурно сур Рон (Ардеш) е прекината среднонапонската линија од 20.000 волти.

Снегот предизвика нарушувања во сообраќајот на железницата. Движењето на возовите е прекинато на три правци од Гренобл „барем до петок напладне“, најавуваат од компанијата, поради паднати дрвја врз пругите или опасност од паѓања. Засегнатите правци се Гренобл-Лион, Гренобл-Валенс и Гренобл-Вејнес. Сепак можно да се оди од Гренобл во Лион, но со „пренасочување“ што минува преку Шамбери во Савоа и Амбериу во Аин.

Проблеми има и на патиштата. Од своја страна, префектот на Ардече бара од возачите да не излегуваат непотребно на пат. Околу Сен Етијен сообраќајот за тешките возила на автопатот е во прекин.

Девет департамани се ставени во портокалова будност. Аин, Ардеш, Дром, Изер, Лоара, Рона, Сон-ет-Лоара поради снегот. Вар е ставен поради опасност од поплави и високи бранови. Што се однесува до поморските Алпите, тие се под будност од високи бранови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.