Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали.

Објавил: Владо Марин | 13 февруари, 2020 7:19

Ласкова: Многу сум горда што придонесов во ослободување на оваа земја од лоши државници

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Како посебен советник за култура многу е задоволна што во краток период културата од буквално заробена и исклучива – стана слободна и европска култура. Како бизнисменка, ужасно е разочарана во судството од искуството со нејзиниот случај.

Вели, одреден круг на лоши луѓе, се обиделе да ја дискредитираат и што е најлошото од сѐ- посегнале по нејзиното семејство. Преживува благодарение на нејзиниот силен дух, животно искуство и концентрирајќи се на работите кои ѝ се најважни во животот.

Цветанка Ласкова, и сега, по 47 години професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка и сега активно вклучена во политиката ( девет години беше на чело на форумот на жени на СДСМ и три години е посебен советник за култура во Владата на премиерот Зоран Заев), не ги менува работните навики, стилот на облекување, фризурата и пријателите. Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали.

Во ексклузивното интервју за „Женски магазин“ откри и уште дали жените го добиваат местото во политиката што го заслужуваат, дали и недостасува музиката и со кого се дружи приватно.

-Многу сум задоволна што во овој краток период успеавме културата од буквално заробена и исклучива, да ја направиме достапна за сите и што го исполнивме програмското ветување – слободна и европска култура.

*Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата е во Собрание. Дали сте задоволни од направеното?

-Јас го паметам периодот пред повеќе од 20 години кога се подготвуваше Законот за култура, Законот за авторското и сродните права и други, бидејќи во тоа време јас бев правен субјект којшто беше директно засегнат. Во тоа време, нашиот Закон за култура на повеќето меѓународни конференции од оваа област беше оценуван како еден од најдобрите во регионот.
Од тогаш па до денес тој претрпе 16 измени со што потполно ја изгуби јасноста и ефикасноста на концептот за остварување на националниот интерес во културата.
Со донесување на петгодишната Национална стратегија за развој на културата во РМ за периодот од 2018-2022 година се утврди потребата за донесување на нов закон, со кој се создава правна основа за регулирање на многу сегменти на уметничкото и културното живеење, согласно со современите општествени текови, со акцент на јавниот интерес.
Директно да одговорам на вашето прашање – ќе бидам задоволна кога во пракса ќе профункционираат новите решенија за разрешување на досегашните проблеми на уметниците, културните работници и воопшто на граѓаните, а кои се предвидени со новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата.

*Како посебен советник за култура во владата на премиерот Заев, што помрднавте од место, а во кој сегмент бевте немоќни?

-Многу сум задоволна што во овој краток период успеавме културата од буквално заробена и исклучива, да ја направиме достапна за сите и што го исполнивме програмското ветување – слободна и европска култура. Многу уметници и културни работници излегоа од дотогашните пранги и темнина на анонимност, па сега им се даде шанса да покажат кои се и што можат.

Искрено сметам дека културата веќе е на пат да биде потполно слободна. Не е благодарно човек самиот за себе да презема заслуги, но сметам дека и јас имам голем удел во ова. Но, за жал, постојат неколку проекти покренати од моја страна кои не ја доживеаа својата светлина. Како на пример, обновување на музичката продукција на Јавниот сервис – НРТВ. Сепак, можам да нагласам дека во виорот на политичките интереси и коалиционите превирања, помогнав во одржливоста на Скопски џез фестивал, Фестивалот Златно славејче, Интерарт и Танцовиот фестивал, еден Фестивал за народни песни Пеце Атанасовски и ред други, како и конечно да се подигне квалитетот на неколку познати и долгогодишни фестивали.

*Координатор сте на тело за следење и имплементација на процесот на реализација на реформите во културата и во заштитата на културното наследство . Две чувствителни прашања кои не дефинираат дома но и во светот. Колку сме отидени напред во однос на промовирањето на нашата препознатлива култура во европски и светски рамки и колку го подобривме културното живеење на нашите граѓани?

– Морам да ве корегирам на почетокот. Координативното тело е ставено во ситуација да се бори со долгодишни и напластени проблеми и стручно да упатува на решавање на проблеми од типот на управување со културното наследство на Охридскиот регион за кој имаме опасност да биде прогласен за загрозено подрачје и да го изгуби статусот на културно наследство, како резултат на долгогодишна негрижа.

Но, од друга страна пак, културното живеење на нашите граѓани и заштитата на културното наследство очекуваме да биде издигнато на едно особено високо ниво со усвојување на новите законски решенија кои во голем дел се помогнати и стручно ревидирани од страна на членовите на Координативното тело, како на пример Законот за остварување на јавниот интерес во културата, Законот за употребата на македонскиот јазик, Законот за филмска дејност, Законот за заштита на културното наследство и Националната стратегија за заштита на културното наследство.

*Центарот на Скопје се уште е во барокно руво, благодарејќи на проектот Скопје 2014“ промовиран од претходната власт. Не се ли најде решение за сите зданија за кои архитектите тврдеа дека се градени со несоодветни (неприродни) материјални, дека лоши за здравјето на луѓето што живеат или работат во нив, а се градени неквалитетно?

– За волја на вистината, една година е премалку во нечиј мандат да се разреши ваков мегаломански проблем, иако имаше квалитетна работна група и решенија за проблемот. За ситуацијата да биде понеповолна, надлежноста од пред скоро две години е во политички субјект кој нема којзнае каков интерес или дури и програмска заложба. Не заборавајте дека во три години, се сменија тројца министри за култура.

Целосното интервју со Ласкова прочитајте го на Женски Магазин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...