петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Документарецот „Медена земја“ е номиниран во категориите најдобар документарец и најдобар интернационален филм.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 февруари, 2020 9:54

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ЗА “МЕДЕНА ЗЕМЈА”: Филмот кој денеска е во трка за два Оскари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е 92-тоиздание на престижните Оскари, денот кога цела Македонија сплотено ќе ги стиска палците и ќе биде во неизвесност дали нашиот документарец Медена Земја, ќе добие еден, а можеби и двата оскари во категориите во кој е номиниран.

Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.

Документарецот „Медена земја“ е номиниран во категориите најдобар документарец и најдобар интернационален филм.

Ова е голем историски успех за нашата држава, бидејќи по пауза од цели 25 години повторно имаме филм во трка за Оскар, и тоа со две номинации.

Вчера престижниот британски дневен весник Гардијан, објави дека филмскиот критичар Питер Бредшоу прогнозира дека македонскиот Honeylаnd ќе успее да освои Оскар во категоријата најдобар документарец.

Ѕвездата од документарецот, Атиџе веќе успеа да го шармира Холивуд. Таа е убедена дека филмот ќе добие Оскар. 

Доделувањето на наградите може да го следите  онлајн на oscar.go.com, а телевизискиот пренос на ТВ Телма.

Во клубот МКЦ, организирано е и следење на Оскарите, каде претходно ќе биде прикажан нашиот документарец кој е во трка за Оскар.

Свој настап ќе има и групата „Фолтин“ групата што  ја направи музиката за филмот. Сите кои сакаат да присуствуваат на настанот, бесплатни влезници може да си подигнат на билетарницата на МКЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.