Во 2016 година Курдската муслиманка мигрант со македонскиот полицаец се сретнаа во кампот на граничниот премин, тие се заљубија на прв поглед, па се венчаа за само четири месеци.

Објавил: Весна Петровска | 17 мај, 2019 22:34

ЦЕЛИОТ СВЕТ ДОЗНА ЗА НИВНАТА ЉУБОВ:Мигрантката Нора и полицаецот Боби повторно заедно

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Светот пишуваше наголемо за љубовта на мигрантката Али Нора Акавази и Макеонецот Боби Додевски.

Во 2016 година Курдската муслиманка мигрант со македонскиот полицаец се сретнаа во кампот на граничниот премин, тие се заљубија на прв поглед, па се венчаа за само четири месеци.

Македонецот Боби за медиумите изјави дека средбата била судбинска кога ја здогледал знаел дека таа ќе биде неговата жена.

На свет се роди и нивниот син, но по две години среќен и хармоничен брак љубовта одеднаш пукна. Двојката се раздели, Нора замина за Ирак, а Боби остана тука во Куманово заедно со нивниот син.

Но, на крајот љубовта победила, ги победи и границите и предрасудите, овој пар повторно е заедно. Тие на социјалните мрежи ја објавија среќната вест дека тие се уште се сакаат и неможат еден без друг.

– Ние повторно се сакаме, ние засекогаш ќе се сакаме, стои коментарот на Нора под заедничката фотографија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.