По тој повод Вељко Ражнатовиќ кој е син единец и неговата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, решија да организираат ергенска забава каква што  Србија не памети. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 10:46

Цеца игра на маса, огномети, журка до зори- ергенска вечер каква што Србија не памети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вељко Ражнатовиќ синот на познатата српска дива Цеца Ражнатовиќ и починатиот Аркан, се жени за 7 дена со својата избраничка Богдана.

По тој повод Вељко Ражнатовиќ кој е син единец и неговата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, решија да организираат ергенска забава каква што  Србија не памети. 

Забавата се одржа една недела пред свадбата а Вељко, заедно со своите пријатели,  и со својата мајка се забавуваше до раните утрински часови.

Пред вилата на Цеца во Дедиње, имаше огномети. 

Вељко и Богдана за една недела ќе го кажат судбоносното Да.

Инаку она што до сега е познато е дека за една недела Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ ќе стапнат на лудиот камен, па на големо ја подготвуваат свадбата, која ќе се одвива според старите обичаи.

Извор близок до семејството Ражнатовиќ, пред извесно време откри дека младоженецот и сватовите ќе одат по невестата, откако ќе ја „купат“ ќе следува венчалната церемонија во храмот „Свети Сава“, а потоа и прославата во познат ресторан со минимум 500 гости.
Вељко и Богдана очекуваат и приновата идната година поради што сите се дополнително возбудени.<Според старите обичаи невестата треба да ја носи венчаницата од свекрвата, во овој случај тоа би била венчаницата на Цеца а Вељко на венчавката да биде облечен во униформата на Аркан.

Иако Вељко не инсистира таа да ја носи венчаницата на Цеца изгледа токму тоа ќе се случи. Цеца сака да и го даде својот венчален фустан, а планира да и’ купи уште еден, кој ќе го носи во ресторанот.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.