Имено пејачката е преплашена од корона вирусот и чуввствува грижа на совест па наредила на целото обезбедување, возачи и послугата да се тестираат и да не доаѓаат на работа додека не донесат негативен тест.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 9:47

Цеца ќе го плати тестирањето за целото нејзино обезбедување, возачи и за послугата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатата музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзниот син Вељко откако минатата недела славеа за приновата во семејството,  веќе неколку дена се во изолација поради тоа што се позитивни на корона. Вељко и мама Цеца се сами во куќата, а новопечената мајка Богдана со малиот Жељко се во Тител кај нејзините родители.

Имено пејачката е преплашена од корона вирусот и чуввствува грижа на совест па наредила на целото обезбедување, возачи и послугата да се тестираат и да не доаѓаат на работа додека не донесат негативен тест.

Цеца ќе го плати нивното тестирање за што досега потроши над 1.000 евра.

За потсетување, целото семејство Ражнатовиќ беше тестирано за коронавирус затоа што за време на прославата што ја организираа по повод раѓањето на синот на Вељко, Жељко, тие беа во контакт со водителка позитивна на вирусот корона.  

Според она што беше објавено од српските медиуми, водителката не знаела дека е заболена од коронавирус и се појавила на прославата на семејството по повод раѓањето на малиот Жељко.

Таа се бакнала со Анастасија и Вељко и се поздравувала и прегрнувала со останатите гости честитајќи ја приновата, пренесува „Телеграф“. 

Поради тоа целото семејство Ражнатовиќ беше  тестирано за коронавирусот. Како што пишуваат српските медиумии Анастасија Ражнатовиќ, наводно направила тест и тој е негативен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.