Во текот на утрешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено на запад и исток каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, додека на планинските места снежната покривка ќе се зголемува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 март, 2021 17:43

ЦИКЛОН ПОВРЗАН СО СТУДЕН ВОЗДУХ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД И СНЕГ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнувајќи од претстојната ноќ и тоа од западните предели ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Сето ова е под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад.

Во текот на утрешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено на запад и исток каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, додека на планинските места снежната покривка ќе се зголемува.

Поради спуштање на  ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, во текот на утрешниот ден ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Токму ова ќе услови пад на температурите на воздухот за 7 до 10 степени во однос на сегашните.

Кон крајот на утрешниот ден како и во текот на утрешната ноќ, локално провејување на снег ќе има и на некои пониски места.

Максималната дневна температура утре ќе се искачува во интервалот од 4 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 15 степени, меѓутоа во попладневните и вечерните часови значително ќе опаѓаат.

Потоа од вторник следува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени послаби локални врнежи од дожд, додека на планините ќе провејува снег. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни пак ќе бидат пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...