Нова Демократија, која на анктетите води со 15 отсто пред владината СИРИЗА, повика на гласање недоверба на владата на Ципрас и закажување предвремени избори за пратеници

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 9:22

Ципрас да ги објави сите податоци за тајните фондови

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови.

Во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.

Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има.

Како и господинот Коѕијас. кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори. – се наведува во соопштението на Нова Демократија.

Нова Демократија, повтори дека по заминувањето на Коѕијас, извесно е дека владата на Ципрас нема мандат да продолжи со имплементирањето на Преспанскиот договор и повика на гласање на недоверба и закажување нови предвремени парламентарни избори во Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.