Авионот АН-30 претходната ноќ прво бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа полетал кон шведска територија.

Објавил: Мате Парлоф | 1 мај, 2022 8:37

Швеѓаните исплашени, затоа што руски воен авион го нарушил воздушниот простор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руски воен авион вчера накратко го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти шведската армија, пренесува Хина.

Авионот АН-30 претходната ноќ прво бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа полетал кон шведска територија.

Тој накратко го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.

Шведски борбени авиони го следеле инцидентот и го фотографирале рускиот авион. Четири руски борбени авиони накратко го нарушија шведскиот воздушен простор на почетокот на март, анализираат медиумите во светот.

Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.