И радикалниот српски политичар, Шешељ, кој со децении го негираше македонскиот народ и држава, го смени своето мислење по јасниот став искажан со бојкот на референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 8:58

Шешељ: Русија не победи со бојкотот, победи храбриот македонски народ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Српскиот политичар Војислав Шешељ во интервју за српски медиум изјави дека повеќе нема да ја оспорува македонската нација, бидејќи се покажа дека тоа е достоинствен народ, со тоа што не си го промени името на референдумот.

Македонскиот народ, јуначкиот македонски народ победи им покажа на сите какво им е достоинството, гордоста, националната свест, јас никогаш повеќе нема да го оспорувам македонскиот народ. – изјави Шешељ.

Ако Македонците не се Срби, тогаш ни се најблиски на нас Србите. Немаме на светот етнички поблизок народ од македонскиот.

Само тоа што се вика Вардарска Македонија и што го ослободи српската војска денес е независна македонска држава, а останатото не е. Односот на србите спрема македонците бил најиправен. Тоа го покажува ова. – вели Шешељ во интервју за српски медиум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести