Несреќа во Џакарта!

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 јануари, 2021 11:42

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АЕРОДРОМОТ: Чекајќи ги нивните најмили, слушнаа за несреќата(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Некои од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ се урна во морето кратко по полетувањето, веста за страшната несреќа ги затекна во Понтијанак, на околу 740 километри од главниот град Џакарта, каде авионот требаше да слета.

Иман Заи, татко на три деца кои биле во авионот со нивната мајка, за Ројтерс изјави дека ги чека на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.

Никогаш повеќе нема да ги видам“, рече тој, покажувајќи фотографија од неговата најстара ќерка.

Индонезиската агенција за безбедност КНКТ се очекува да започне непосредна истрага за оваа несреќа, а Американската управа за безбедност во сообраќајот (НХТСА) автоматски ќе биде дел од неа, бидејќи авионот е дизајниран и изграден во САД, според Ројтерс!

Компанијата која е основана во 2003 година со седиште во Џакарта, лета главно во рамките на Индонезија, а неговиот патнички авион Боинг 737 со повеќе од 60 лица, кој леташе од главниот град кон Понтијанаку, се урна вчера по полетувањето од Џакарта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...