Во моментот во Ману се случува судир помеѓу слободномислечките академици и групата која поради идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2019 10:22

Што се случува во МАНУ, зошто раководството молчи по скандалозната изјава на Заев ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хаос во Ману по скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев дека Македонија крадела историја од соседите.

Во моментот во Ману се случува судир помеѓу слободномислечките академици и групата која поради идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз – Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959).

За ваквата поделба виновна е изјавата на премиерот, која остана неискоментирана од страна на тесното раководство на МАНУ, кое даде поддршката за промена на името на државата.

Веќе неколку денови МАНУ молчи и не ја коментира изјавата на премиерот во која тој буквално им ја поклони историјата на соседите, коментирајќи дека Македонците се вештачки измислена и создадена нација која се базира на лажна историја украдена од соседите.

Дел од академците во МАНУ неколку пати се обиделе да поднесат иницијатива до раководството, за јавно да се разговара на оваа и слични теми, но од таму молчат, најверојатно за да не се направи штета за власта, велат дел од академиците.

За потсетување, пред извесно време во јавноста беа објавени информации за високи раководни лица од МАНУ кои имале лични или семејни бенефиции добиени од Владата на Заев а деновиве е актуелна и информацијата за слични придобивки за членови кои и во иднина Академијата треба да ја држат пасивна во однос на антимакедонските политики на власта.

Извор Експрес.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести