Бурни реакции предизвика видео снимката на социјалните мрежи на кои се гледа како полициски службеници тепаат момче, кое во моментот не пружа отпор..

Објавил: Македонка Димкин | 24 септември, 2020 18:28

Што се случува со Македонската полиција?

Фото/Текст извор: ©КАНАЛ 5

Видео на кое се гледа како униформирани полициски службеници применуваат сила врз човек се појави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации настанот се случил во Битола, а на инцидентот наводно му претходела расправија по случена сообраќајна несреќа. Од МВР велат дека внатрешна контрола треба да утврди што точно се случило.

,,Во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Сепак во кои случаи и до каде може полицијата да применува физичка сила законите се јасни, вели во разговор за Канал 5 безбедносниот аналитичар Љубомир Ѓурчевски.

Видеото предизвика силни реакции во јавност по информациите дека претепаното момче било од ромска националност. Со реакција излегоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде покрај острата осуда на случајот, најавија и дека ќе бараат истрага од специјалното одделение во обвинителството кое истражува кривични дела сторени од лица кои имаат полициски овластувања.

,,Ромите во земјава секојдневно се соочуваат со системска дискриминација во речиси сите општествени сфери, со континуирани тешкотии во остварување на правата во сите области, а сето тоа се отсликува и во односот на полицијата кон овие луѓе. Полицијата мора да ги санкционира бруталните припадници во нејзините редови и да се осигура дека граѓаните се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници.

Што му претходело на ваквото постапување на полициските службеници треба да покаже истрагата која ќе даде одговор на прашањево дали ова е класичен пример на полициска бруталност.

Види повеќе: 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести