Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори

Објавил: admin@magazin | 6 септември, 2018 15:00

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ноќеска извојува тешка победа над Австралијанецот Џон Милман (6:3, 6:4, 6:4) во четвртфиналето на УС Опен.

Беше многу тежок меч за мене. Игравме речиси три часа. Мора да му се оддаде признание на Џон за извонредната партија. Ми пружи силен отпор. Напорно беше за двајцата. За време на натпреварот сменив многу маички. Се обидов да издржам и да најдам можност да победам на натпреварот. Временските услови беа комплицирани, но тие беа исти за нас двајцата, изјави Ѓоковиќ

Србинот во полуфиналето на УС Опен ќе се сретне со Кеи Нишикори од Јапонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис