„Господине Богоевски, шарени револуционери, менувачи на Уставот. Ова е одмазда кон Димовски затоа што не гласаше за уставните измени, за промена на уставното име на Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2019 13:27

Ѓорчев : “Ова е одмазда кон Димовски затоа што не гласаше за уставните измени”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пратеникот Влатко Ѓорчев вели дека ова е одмазда код Димовски затоа што не гласаше за уставните измени, за промената на уставното име на Република Македонија.

Влатко Ѓорчев изјави дека во парламентот знаат кој беа уцените за да се гласа за промената на уставот на Република Македонија. Исто така тој наведе и дека се знае како и на кој начин СДСМ обезбеди 81 пратеник. Тој им порача на владејачката коалиција да не ги малтретираат луѓето кои не размислуваат како нив.

„Господине Богоевски, шарени револуционери, менувачи на Уставот. Ова е одмазда кон Димовски затоа што не гласаше за уставните измени, за промена на уставното име на Република Македонија. И вие и јас Павле Богоевски, колеги од СДСМ, знаеме дека понудата до Димовски беше да гласа за промени на Уставот, и дека ќе куртули од политички прогон. И тука има пратеници им се нудени дилови и цифри. Ние тука во овој Парламент знаеме кои беа уцените за да се гласа за промена на уставното име Република Македонија. Знаеме како се обезбедија 81 пратеник. Уцената кон Димовски беше дека нема да има кривична пријава, и нема да оди во затвор ако гласа за промена на уставното име. Димовски реши да не гласа, и да ја почитува волјата на граѓаните од референдумот. И затоа вчера му ја искршија вратата во куќата. Да не се лажеме, што вашата револуционерна правда спроведува – класична одмазда. Со секој изминат ден се повеќе и повеќе забегувате. Имаме садизам и политички прогон како никогаш во изминатите 70 години. Не ги малтретирајте луѓето затоа што не размислуваат како вас“, рече Ѓорчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести